• понеделник, 23 декември 2024

Кек: Се надевам дека Евро 2024 ќе биде почетна точка за иднината на словенечкиот фудбал

Кек: Се надевам дека Евро 2024 ќе биде почетна точка за иднината на словенечкиот фудбал

Франкфурт, 2 јули 2024 (МИА) - Селекторот на словенечката фудбалска репрезентација Матјаж Кек се осврна на синоќешниот пораз од Португалија (0:0, пенали 0:3) во осминафиналето на Евро 2024.

- Сакам да и честитам на Португалија. Што се однесува до нас самите, тажен сум што мораме да се вратиме назад. Би сакал да останам на овој турнир. Противникот ја имаше играта во свои раце, но како одминуваше натпреварот игравме се подобро и подобро. Чувствувам горчина, но, од друга страна, задоволство. Се надевам дека овој турнир ќе стане почетна точка за иднината на словенечкиот фудбал, го цитира Кек прес-службата на УЕФА.

Во четвртфиналето на ЕП 2024, репрезентацијата на Португалија ќе се сретне со селекцијата на Франција. Натпреварот ќе се одигра на 5 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан