• сабота, 23 ноември 2024

Квери позитивен на корона, избега од Русија, АТП почна истрага

Квери позитивен на корона, избега од Русија, АТП почна истрага
Санкт Петербург, 15 октомври 2020 (МИА) - Руските власти го ставија во изолација американскиот тенисер Сем Квери, бидејќи тој беше позитивен на коронавирусот, но тој ја напушти Русија со приватен авион, соопштија денеска организаторите на Отвореното првенство во Санкт Петербург. Квери и неговата сопруга беа позитивни на тестот во неделата, ден пред почетокот на турнирот. По пристигнувањето во Русија четири дена порано, тие беа негативни. Квери се повлече од натпреварувањето, а од семејството беше замолено да се изолираат заедно во хотел, пренесува АП. Во соопштението се додава дека Квери не им ја отворил вратата на лекарите кои во понеделникот дошле да го прегледаат семејството, наведувајќи дека синот спие, а семејството потоа го напуштило хотелот пред вториот закажан тест следниот ден. Здружението на тениски професионалци (АТП) соопшти дека го истражува инцидентот, но не го спомна Квери. „АТП е свесен за инцидентот со сериозно кршење на протоколот за коронавирус на турнирот во Санкт Петербург оваа недела“, се вели во соопштението, додавајќи дека почитувањето на протоколите за здравје и безбедност е клучно за да се обезбеди безбедно одржување на натпреварите.

Тагови

Остани поврзан