• сабота, 23 ноември 2024

Катастрофалното влијание на климатските промени: Најниско производство на вино во последните 60 години

Катастрофалното влијание на климатските промени: Најниско производство на вино во последните 60 години

Лондон, 7 ноември 2023 (МИА) - Производството на вино во светот годинава се очекува да падне на најниско ниво во последните 60 години, поради лошата жетва во јужната хемисфера и кај некои големи европски производители, соопшти Меѓународната организација за винова лоза и вино (ОИВ).

Во првичните проекции, ОИВ го зодреди светското производство на вино, без сокови и шира, помеѓу 241,7 милиони и 246,6 милиони хектолитри, со очекување во просек од 244,1 милиони хектолитри.

Во соопштението за медиумите се посочува дека проценките се за седум отсто помали од лани и најмали од 1961 година, кога проценката беше 214 милиони хектолитри. Волуменот на еден хектолитар е еднаков на количината од 133 стандардни шишиња вино.

Винарите во престижниот француски регион Бордо ќе преораат илјадници хектари лозови насади поради променливите навики на потрошувачите и глобалното затоплување што погоди еден од скапоцените камења на земјоделската индустрија во земјата.

Од друга страна, јапонската компанија за производство на пиво Асахи пред неколку месеци предупреди дека климатските промени може да доведат до недостиг на пиво, бидејќи потоплите температури влијаат на залихите на јачмен и хмељ низ светот.

Според сценариото на ОН за глобално зголемување на температурата за четири степени Целзиусови, жетвата на јачмен во Франција би можела да се намали за 18 отсто до 2050 година, додека жетвата во Полска би се намалила за 15 отсто. Квалитетот на хмељот, кој е клучна компонента за зачувување, како и вкусот на пивото, би паднал за 25 отсто во Чешката Република, еден од најголемите светски производители на хмељ.

Според последните анализи на телото на ОН за следење на глобалните напори за ограничување на затоплувањето, светот се движи кон пораст на температурата до 2,6 степени Целзиусови. ссм/

фото: архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан