• четврток, 30 јануари 2025

Касами: Не може во министерство да се прима човек кој е на црната листа на САД

Касами: Не може во министерство да се прима човек кој е на црната листа на САД

Тетово, 29 јануари 2024 (МИА) – Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами на новинарско прашање го критикуваше потегот на заменик премиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ поради приемот на Милорад Додик, претседателот на Република Српска во Босна и Херцеговина. 

Касами ја даде оваа изјава денеска пред настан во Тетово, каде општината организираше средба како дел од Унија на турските општини во светот.

- Кога сме во јавни функции, сигурно дека треба да сме свесни за позициите кои ги носиме од тие позиции, ние ги претставуваме сите граѓани, не може додека сме во тие позиции да изразуваме наши лични желби и лични позиции. Не може во министерство да се прима еден човек кој е во црната листа на Соединетите Држави и да се каже „Тој е мој личен став и тоа е лична желба“. Македонија е мултиетничка и во позицијата која ја носи дотичниот министер, треба да биде свесен дека треба да ги претстави сите заедници во Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, сигурно и Србите. Затоа се надевам дека ова ќе биде последна изјава и последни јавно изнесени ставови на министерот во оваа насока за тоа што значи тој треба да биде свесен и чувствителен за мултиетничиот карактер на Македонија, рече Касами денес во Тетово.

Стоиљковиќ е претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, која е дел од Владата, заедно со Движење Беса.ас/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан