• четврток, 25 јули 2024

Карневал во Кавадарци

Карневал во Кавадарци
Кавадарци, 11 септември 2022 (МИА) - Во рамките на манифестацијата „Тиквешки гроздобер", вечерва во Кавадарци се одржа традиционалниот карневал. Бројни делегации, владини претставници и претставници на политички партии, луѓе од општествениот живот, претходно беа на прием во општинската зграда. Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев рече дека Кавадарци како и секогаш, се покажа како добар домаќин.
Тој се заблагодари за посетата на премиерот Димитар Ковачевски, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на пратениците и другите гости.
На градскиот плоштад продефилираа најразлични карневалски групи. Симболично беше откинато грозје од винова лоза, а со газење на гроздови зрна во бочва, се потсети на тиквешката традиција. свд/дма/

Остани поврзан