• недела, 28 јули 2024

Карбинската општина обезбеди канти за отпадоци за сите домаќинства

Карбинската општина обезбеди канти за отпадоци за сите домаќинства

Штип, 3 септември 2021 (МИА) - Општина Карбинци набави 1.500 пластични канти за отпад за сите домаќинства, со кои собирањето на отпад ќе се врши на полесен начин. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев истакна дека средствата за овие канти се обезбедени од Буџетот на општина Карбинци во висина од 1.380.600 денари.

-Самите канти не корозираат и отпадот во нив може да се чува затворен. ЈП „Плачковица“ во следниот период во 25 населени места ќе достави канти за отпад кои ќе бидат бесплатни за секое домаќинство, вели Насев.

Посочи дека во тек се и  градежните активности за изградба на фекална канализација во село Кучица.

-Со овој капитален проект решаваме децениски проблем за жителите на Кучица, се гради систем за прифаќање, одведување на фекални отпадни води од домаќинствата,со што ќе го подобриме квалитетот на живот на овие жители и ќе се влијае врз заштитата на животната средина, вели Насев.вдј/бт/

Остани поврзан