• среда, 13 ноември 2024

Кан: Талибанците погубија околу 900 луѓе во Кандахар

Кан: Талибанците погубија околу 900 луѓе во Кандахар
Кандахар, 6 август 2021 (МИА) - Талибанците погубија околу 900 луѓе за шест недели во само една провинција во Авганистан, откако нивните борци ги совладаа владините трупи, изјави шефот на локалната полиција Тадин Кан. „Полицајци, племенски водачи, цивилни активисти, па дури и популарен комичар беа нападнати, а некои од нив беа земени од своите домови и убиени во јужната провинција Кандахар“, објави „Дејли Меил“.
Исламските милитанти освоија голем дел од провинцијата и го опколија Кандахар додека се обидуваат да ја вратат контролата врз земјата што некогаш ја имаа, во време кога американските војници се повлекуваат од Авганистан. - Многумина беа убиени во градот Спин Болдак, на границата со Пакистан. Луѓето многу страдаа, бруталноста во Болдак не може да се заборави, изјави Кан за авганистанскиот медиум „Толо“. Меѓу убиените е и комичарот Назар Мохамед, кој служеше во авганистанската полиција. Тој беше избоден со нож, а потоа фотографии од неговото тело беа објавени на Интернет. „Дејли Мејл“ додава дека други цели биле авганистански војници. На некои од оние што им се предале на талибанците им било ветено дека ќе им биде дозволено да се вратат дома. Талибанците негираа дека имало егзекуции. паг/  

Остани поврзан