• сабота, 23 ноември 2024

Канада ќе протера кинески дипломат поради обид за заплашување канадски пратеник

Канада ќе протера кинески дипломат поради обид за заплашување канадски пратеник

Отава, 9 мај 2023 (МИА) - Канада соопшти дека протерува кинески дипломат што го обвини дека се обидел да заплаши канадски пратеник поради критики на сметка на Кина.

„Нема да толерираме каква било форма на странско мешање во нашите внатрешни работи“, рече канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, најавувајќи го протерувањето на дипломатот.

Кина соопшти дека Канада ги „саботирала“ нивните билатерални односи со протерување на кинески дипломат.

„Кина ќе преземе цврсти контрамерки“, се вели во соопштението на кинеската амбасада во Канада.

Кинески дипломат е обвинет за обид да го заплаши канадскиот пратеник Мајкл Чонг и неговото семејство поради критиките кон Пекинг, особено за прашањето на Ујгурите. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан