Калас: ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија
- Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата.

Брисел, 16 март 2025 (МИА) – Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.
- Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата.
Таа изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување.
- ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија, додаде Калас.
Претходно, „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и сочувство за жртвите изрази и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Најмалку 51 лице загина, а над 100 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани. сп/
Фото: Икс