Каевски реизбран за потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа
- Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, повторно е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа.

Скопје, 23 јануари 2023 (МИА) - Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, повторно е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа.
-Претходно, Каевски на оваа позиција беше избран минатата година.Собранието е клучен партнер во борбата за подемократски општества и адресирањето на горливите проблеми поврзани со човековите права. Повторниот избор на Каевски е успех за СДСМ, но и успех за македонската дипломатија, се вели во соопштението од СДСМ. дма/