• сабота, 23 ноември 2024

Кавадарци со препораки против загадувањето на амбиенталниот воздух

Кавадарци со препораки против загадувањето на амбиенталниот воздух

Кавадарци, 2 февруари 2024 (МИА) - Општина Кавадарци денеска излезе со препораки против загадувањето на амбиенталниот воздух. Да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва. 

- Препораките се донесуваат согласно известувањето од Одделението за мониторинг на квалитет на воздух, сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности, за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3 (надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, се вели во известувањето до јавноста. 

Притоа, се потсетува дека во вакoв случај, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, исто даваат препораки во вакви случаи. 

- Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор во загадените зони на градот, потсетуваат од Локална самоуправа Кавадарци. свд/мд/

Фото : МИА архива 

Остани поврзан