• недела, 21 јули 2024

ИЦЈ: Израел да ја прекине окупацијата на палестинските територии

ИЦЈ: Израел да ја прекине окупацијата на палестинските територии

Хаг, 19 јули 2024 (МИА) – Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) денеска издаде советодавно мислење во кое наведува дека политиката на Израел на палестинските територии претставува анексија на големи делови од овие територии, како и дека го нарушува палестинското право на самоопределување.

На Израел му беше кажано да го прекине присуството на окупираните територии што е можно поскоро, како и да ги прекине сите активности во своите населби во тие области.

ИЦЈ посочи дека е неопходно Израел да ја плати штетата предизвикана од окупацијата на палестинските територии. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан