• петок, 26 јули 2024

Италија ќе игра во финалето на Дејвис купот за прв пат по 1998 година

Италија ќе игра во финалето на Дејвис купот за прв пат по 1998 година

Малага, 26 ноември 2023 (МИА) - Репрезентацијата на Италија синоќа во Малага ја победи Србија со 2:1 во полуфиналето на Дејвис купот.

Италијанците стигнаа до финалето на турнирот за прв пат по 1998 година. Пред 25 години тие во натпреварот за трофејот загубија од Шведска.

Севкупно, италијанскиот тим по осми пат стигна до финалето на Дејвис купот. Тие ја освоија својата единствена титула во 1976 година.

Италија денес во финалето ќе игра против Австралија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан