• петок, 22 ноември 2024

Италија: Владата ги менува судовите одговорни за приведувањето и трансферот на мигрантите

Италија: Владата ги менува судовите одговорни за приведувањето и трансферот на мигрантите

Рим, 21 ноември 2024 (МИА) - Десничарската владејачка коалиција во Италија донесе регулативи со кои ќе се сменат судовите одговорни за одобрување притвор за мигранти.

Идните пресуди за мигрантите ќе ги носат редовните апелациски судови, одлучи комисијата на италијанскиот Парламент.

Од партијата на премиерката Мелони, наведуваат дека целта на одлуката е да се подобри ефикасноста со префрлање на прашањето поврзано со човековите права на повисока судска инстанца. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан