• сабота, 21 јуни 2025

Италијанската премиерка Џорџа Мелони му ја честиташе победата на Еди Рама

Италијанската премиерка Џорџа Мелони му ја честиташе победата на Еди Рама

Тирана, 13 мај 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони му ја честиташе победата на албанскиот премиер Еди Рама на парламентарните избори на 11 мај, на кои неговата Социјалистичка партија на овие избори постигна убедлива победа.

"Би сакала да изразам искрени честитки до премиерот Еди Рама за неговото повторно назначување за шеф на албанската влада. Длабокото пријателство и стратешката соработка што ги врзува нашите два народа е дополнително зајакната, благодарение на заедничките иницијативи, резултат на конструктивен дијалог и заедничката желба да се одговори на глобалните предизвици со иновативни решенија, стои во честитката на Мелони, која е прв премиер што му ја честита победата на Рама.

Порачува дека "ќе продолжи работата меѓу двете влади, италијанската и албанската, за натамошно зајакнување и продлабочување на соработката".

"Ќе продолжиме да работиме на понатамошно зајакнување на врската меѓу нашите две влади и постигнување заеднички цели, вклучително и зајакнување на стабилноста на Балканот и унапредување на европскиот пат на Албанија, нагласува Мелони. вт/

Фото: Мелони- Инстаграм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан