Италијанецот Парис победи на спустот во Квитфјел
- Италијанскиот скијач Доминик Парис победи на денешната трка во спуст, која во рамки на Светскиот куп во алпско скијање се одржа во норвешки Квитфјел.

Квитфјел, 7 март 2025 (МИА) – Италијанскиот скијач Доминик Парис победи на денешната трка во спуст, која во рамки на Светскиот куп во алпско скијање се одржа во норвешки Квитфјел.
Парис победи со време од 1:44,67 минути, минувајќи низ целта со 32 стотинки подобро време од второпласираниот Марко Одермат и неговиот сонародник Стефан Рогентин кој заостана 63 стотинки зад победникот.
Лидер во генералниот пласман на Светскиот куп и натаму е Одермат со 1.386 бодови, 440 повеќе од второпласираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка.
Одермат води и во поредокот за спуст со 525 бодови, 103 повеќе од второпласираниот Франц фон Алмен, додека Парис е седми со 222 бода.
Натпреварувањата во Светскиот куп продолжуваат утре за кога е закажана втората трка во спуст во Квитфјел, по што ќе следи супервелеслаломот на истото место в недела. ег
ФОТО: Фејсбук