• понеделник, 23 декември 2024

Исчистена од мраз улицата „Вера Циривири“ во Велес, постапките на граѓаните повторно ја прават тешко проодна

Исчистена од мраз улицата „Вера Циривири“ во Велес, постапките на граѓаните повторно ја прават тешко проодна
Велес, 24 јануари 2022 (МИА) - Вработените од ЈКП Дервен“ од Велес утрово со копачи го кршеа мразот и посипуваа сол по улицата Вера Циривири“, која е најдолга улица од левата страна на Вардар кај месноста „Потокот“.
 
Дел од  жителите од улицата, која има над 200 куќни броеви, за МИА изјавија дека се револтирани од постапките на некои несовесни граѓани и апелираа навечер да не се испушта вода по улицата затоа што таа повторно замрзнува и станува тешко проодна.
Побараа од надлежните институции да ги казнат овие несовесни граѓани. ад/ар/

Остани поврзан