• сабота, 23 ноември 2024

Истражувачка сторија на „БИЛД“ Албанија: Нарко-држава пред нашата врата

Истражувачка сторија на „БИЛД“ Албанија: Нарко-држава пред нашата врата

Тирана, 3 јуни 2024 (МИА) – Најтиражниот германски весник „БИЛД“ објавува уште еден бомбастичен текст за владата на Еди Рама. Овој пат на насловната страница весникот објавува текст со наслов: „Албанија, нарко-држава пред нашата врата“, објави Ора њуз.

Додава дека написот доаѓа како продолжение на ексклузивната истрага на весникот за „реките со кокаин во Германија“, која е „преплавена со кокаин како никогаш досега“.

-Албанија е секогаш во фокусот. Таа е епицентарот на европската мафија за кокаин, нагласува весникот.

Министерката за внатрешни работи на Германија, Ненси Фезер, во изјавата за „БИЛД“ предупредува дека албанските банди го преплавуваат наркопазарот во Германија.

-Албанскиот организиран криминал со неговите врски во Јужна Америка е особено во фокусот на истражителите, потврдила министерката.

Според весникот „мафијашките убиства во Албанија се секојдневна реалност, каде само во 2021 година се забележани 100 вакви убиства“.

-Проблемот е што нарко-мафијата има врски со највисоките политички нивоа во Албанија, констатира весникот. вт/

Остани поврзан