• сабота, 23 ноември 2024

Историјата не се укинува, ниту се менува со новиот концепт, вели владиниот портпарол

Историјата не се укинува, ниту се менува со новиот концепт, вели владиниот портпарол
Скопје, 30 декември 2020 (МИА) - Предметот историја не се укинува. Новиот концепт ја дава рамката според која се планира основното образование и документот не брише содржини од наставните предмети, ниту, пак, предвидува менување на содржините од предметот историја, рече владиниот портпарол Душко Арсовски. На новинарско прашање по редовната прес-конференција, тој одговори дека наставниот предмет историја останува задолжителен од интегрираната наставна програма по општествени науки и дека интегрираното изучување на историјата и географијата, како што рече, е карактеристично за најголемиот дел земји од развиениот свет и развиените образовни системи. - Се предвидува интегрирање содржини од повеќе предмети. Со интегрирањето се овозможува изучување по теми. Концептот е само рамка којашто првично претставува како ќе изгледа реформата. Наставните програми ќе се прават откако ќе се донесе рамката. Ова е процес во кој се вклучуваат сите чинители, додаде портпаролот на Владата. хс/ац/   

Остани поврзан