• среда, 25 декември 2024

Испуштила џекпот од 200 милиони евра зашто не го уплатила ливчето

Испуштила џекпот од 200 милиони евра зашто не го уплатила ливчето
Лондон, 2 март 2021 (МИА) - Момче и девојче од Велика Британија ја пропуштија шансата да земат близу 200 милиони евра на џекпот на „Евромилиони“, бидејќи се паднале бројките што редовно ги играат, но овојпат тие двајца не го уплатиле добитниот лоз. Причината била - немало доволно пари на нејзината платежна картичка. - Си помислив: „Господе, ги добивме парите!" Ги повикав Лиам и мајка ми - не можеа да поверуваат дека ја добивме главната награда. Се јавив на лотарија, но оттаму ми рекоа дека немам средства на сметката и исплатата не минала. Во еден миг, бев на врвот на светот, а потоа - шок. Лиам беше дури и понервозен од мене, рече Рејчел Кенеди, инаку студентка на Универзитетот на Брајтон. Таа и Лиам Мекрохан (21) од Хертфордшир (Англија), пет недели по ред играат лото со овие броеви 6, 12, 22, 29, 33, 6 и 11. Студентите биле „апсолутно скршени“ кога сфатиле дека нивните броеви излегле, но тие претходно не ги уплатиле како ливче. Инаку, кредитната картичка на Рејчел била наместена автоматски да уплати пари за лотаријата, но токму тогаш немало доволно парични средства и исплатата не минала.  си/ссм/

Остани поврзан