• петок, 22 ноември 2024

Исламски отпор во Ирак тврди дека нападнал витална цел во северен Израел

Исламски отпор во Ирак тврди дека нападнал витална цел во северен Израел

Багдад, 10 октомври 2024 (МИА) – Милитантната организација Исламски отпор во Ирак соопшти дека извршила напад со дрон врз „витална“ цел во северен Израел „во знак на поддршка на народот на Палестина и Либан поради израелските напади“.

Израелската армија не ги коментираше овие наводи, пренесува Ал Џезира.

Исламски отпор, проиранска шиитска исламистичка бунтовничка организација, вчера соопшти дека извршила напад со дрон врз најјужниот израелски град Еилат. Израелската армија објави дека пресретнала беспилотно летало што се приближило до Израел преку Црвеното Море.

Нападот насочен кон Еилат беше петти напад на Исламски отпор во Ирак врз цели во Израел, според Ал Џезира. Организацијата ги засили своите напади врз Израел во последните недели, додека израелската војска ги интензивираше нападите врз Газа и ја прошири офанзивата во Либан. Исламскиот отпор исто така лансираше проектили и беспилотни летала врз американските сили во Ирак и Сирија како дел од своите акции. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан