Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност поради изјавата за спорните острови во Персискиот Залив
- Новинската агенција ИРНА јави дека рускиот дипломат бил повикан вчера и му била врачена нота за достава до Москва во која Техеран протестира против изјавата на Шестиот арапско-руски форум за соработка издадена во Мароко, во која се повикува на мирно решавање на конфликтот меѓу Иран и Обединетите Арапски Емирати над островите.
Техеран, 24 декември 2023 (МИА) - Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност откако Москва и арапските земји издадоа заедничка изјава претходно оваа недела, оспорувајќи ги претензиите на Иран за спорните острови во Персискиот Залив.
Новинската агенција ИРНА јави дека рускиот дипломат бил повикан вчера и му била врачена нота за достава до Москва во која Техеран протестира против изјавата на Шестиот арапско-руски форум за соработка издадена во Мароко, во која се повикува на мирно решавање на конфликтот меѓу Иран и Обединетите Арапски Емирати над островите.
Претходно вчера, министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амирабодлахиан, му кажа на својот руски колега по телефон дека „почитувањето на суверенитетот и интегритетот на земјите е меѓу основните принципи во односите меѓу народите“.
Ова е втор случај годинава Иран да повика руски претставник во знак на протест поради коментарите за спорните острови. Првиот пат тоа се случи во јули. ссм/
фото: архива