• вторник, 24 декември 2024

Иранската револуционерна гарда гранатираше курдски цели во Ирак

Иранската револуционерна гарда гранатираше курдски цели во Ирак
Техеран, 24 септември 2022 (МИА) - Иранската револуционерна гарда денеска изврши артилериски напад врз базите на „курдските екстремисти“ во северниот дел на Ирак, јави иранската државна телевизија. Според телевизијата цел на нападот бил „штаб на антииранските терористи“, со седиште во северен Ирак. Техеран ги обвинува вооружените Курди и дисидентите, за вмешаност во актуелните немири во Иран, посебно на северозападниот дел, каде што живеат повеќето од околу 10 милиони ирански Курди. ми/

Остани поврзан