• сабота, 23 ноември 2024

Ирак, Јордан и Либан објавија дека повторно го отвораат својот воздушен простор

Ирак, Јордан и Либан објавија дека повторно го отвораат својот воздушен простор

Багдад, 14 април 2024 (МИА) - Ирак, Либан и Јордан соопштија дека повторно го отвораат својот воздушен простор, кој од синоќа беше затворен поради иранскиот напад врз Израел.

Трите земји доцна синоќа најавија затворање на нивниот воздушен простор и нарушување на сообраќајот.

Во соопштението објавено утринава, ирачката Организација за цивилно воздухопловство потврди дека „ирачкиот воздушен простор е повторно отворен“ за авионите што пристигнуваат или заминуваат од ирачките аеродроми и дека „сите ризици за безбедноста на цивилните авиони во Ирак - кој граничи со Иран, се отстранети“.

Во Либан, кој граничи со Израел, министерот за транспорт Али Хами рече дека земјата ги обновила летовите од 7 часот наутро (4 часот по Гринич) и  дека ја следат ситуацијата“.

Јордан, исто така, соопшти дека нејзиниот воздушен простор е повторно отворен утринава.

Емирати Ерлајнс денеска објави дека откажува некои летови, а пренасочува други. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан