• понеделник, 29 јули 2024

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на ЕБОР

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на ЕБОР

Багдад, 7 октомври 2020 (МИА) - Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како што е објавено на официјалната веб-страница на ЕБОР, сегашните 71 акционер на таа мултилатерална финансиска институција го одобриле барањето за членство за време на денешното годишно собрание на Банката.

Ирак аплицираше за членство во април 2018 година.

Одборот на гувернери на ЕБОР денеска го одобри почетокот на првата фаза од процесот. Според соопштението, Ирак ќе мора да исполни некои услови за членство пред процесот на пристапување да заврши со добивање акции.

Минатата година, ЕБОР финансираше 452 индивидуални проекти во Европа, Азија и Африка, при што вредноста на финансирањето надмина 10 милијарди евра за првпат во историјата на Банката, искачувајќи се на 10,1 милијарди евра од 9,5 милијарди евра во 2018 година. паг/

Остани поврзан