• сабота, 23 ноември 2024

ИОМ: Во првото тримесечје од годинава во Средоземно Море загинале 441 човек

ИОМ: Во првото тримесечје од годинава во Средоземно Море загинале 441 човек

Женева, 12 април 2023 (МИА) – Директорот на Агенцијата за миграција на Обединети нации, Антонио Виторино денеска изјави дека првиот квартал од 2023 година загинале 441 човек при обид да го поминат Медитеранот и да стигнат до Европа.

Тој наведе дека тоа е најсмртоносен период за мигрантите од 2017 година, додавајќи оти реалната бројка на жртви можно е да е повисока.

Тековната хуманитарна криза во централниот дел на Медитеранот е неподнослива. Со повеќе од 20.000 регистрирани жртви на таа рута од 2014 година, се плашам дека овие смртни случаи ќе станат нормални, посочи Виторино.

Според податоци на ИОМ за време на велигденскиот викенд 3.000 мигранти пристигнале во Италија, со што вкупниот број на пристигнати од почетокот на годината се искачи на 31.192 лица. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан