• понеделник, 23 декември 2024

Информативна сесија и презентација за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“

Информативна сесија и презентација за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Во КСП Центар – Јадро денеска ќе се одржи информативна сесија и презентација на проектот  „Култура и креативност за Западен Балкан“ за сите заинтересирани институции, организации и физички лица. Сесијата и презентацијата за проектот ќе може да се следи и онлајн со регистрирање преку платформата Зум. 

Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информираат за вториот циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамки на заедничкиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“.

- Целта на повикот е да се поттикнат активностите на културниот и на  креативниот сектор со цел подобрување на вештините, знаењата и пристапот до финансиска поддршка во насока на зголемување на конкурентноста и одржување на копродукцијата и циркулацијата на услуги во Западен Балкан, информира Министерството за култура. 

Проектот почна во април 2022 година и е со времетраење од 48 месеци. Во овој период проектот вклучува низа активности, како што се: техничка поддршка за анализа на податоци и управување со секторот култура, градење капацитети за креирање политики и регионални размени, воспоставување јавни/приватни партнерства за промовирање на културната и креативната валоризација на јавните простори, програми за културни лидерства, поврзување на независните медиумски портали во насока на создавање и споделување на културните содржини во регионот, механизми за стимулирање на приватното финансирање, мали проекти за заштита на културното наследство во насока на зајакнување на учеството на локалните заедници и споделување добри практики во регионот и со земјите членки на ЕУ. мд/хс/

Фото: Министерство за култура 

Остани поврзан