• сабота, 23 ноември 2024

Интер ја удвојува платата на Лаутаро

Интер ја удвојува платата на Лаутаро
Милано, 7 јули 2020 (МИА) - Интер подготвува нов договор за нивниот напаѓач Лаутаро Мартинез, пишува Газета Дело Спорт. Иако Барселона е заинтересирана за него, клубот ќе се обиде да го задржи со зголемување на платата, што ќе биде 5 милиони евра годишно или двојно повеќе од сега. Договорот што го предложиле Каталонците изнесува 10 милиони евра, но според публикацијата, Аргентинецот може во следните неколку недели повторно да потпише со „нероазурите“. Должината на новиот договор сè уште не е прецизирана, а неговиот сегашен истекува во летото 2023 година. Исто така, има откупна клаузула од 111 милиони евра, која истекува вечерва.

Тагови

Остани поврзан