• сабота, 23 ноември 2024

Интер загуби од Болоња, Мартинез не реализираше пенал

Интер загуби од Болоња, Мартинез не реализираше пенал
Милано, 5 јули 2020 (МИА) - Интер во мечот од 30-то коло на Италијанскиот фудбалски шампионат загуби од Болоња со резултат 2:1. Гостите одговорија на голот на Ромелу Лукаку со два погодока во второто полувреме преку Муса Јувара и Муса Бароу. При водство на Интер од 1:0, Лаутаро Мартинез не реализира пенал и од тој момент натпреварот за домаќините тргна по надолна линија. По овој натпревар Интер со 64 бода го зазема третото место, има 11 бода заостанување зад водечкиот Јувентус. Болоња со 41бод се искачи на деветтото место. зс/

Остани поврзан