• петок, 08 ноември 2024

Интерпартиската парламентарна група одржа средба со граѓански здруженија во рамки на Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија

Интерпартиската парламентарна група одржа средба со граѓански здруженија во рамки на Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) – Законот за матична евиденција да влезе во собраниска процедура, да се засили имлементацијата на веќе постоечките закони и да се подобри институционалниот капацитет за справување со криминалот предизвикан од говор на омраза, ова го порачаа претставници на граѓанските здруженија пред пратениците, амбасадорката на САД, Ангела П. Агелер и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТ лицата денеска во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија, одржа средба со амбасадорите, претставници на граѓански здруженија и пратениците, истакнајќи ги предизвиците, но и напредокот на државава во однос на подобрувањето на состојбата на ЛГБТ заедница.

Амбасадорката на САД, Ангела П. Агелер оцени дека изминатиот период е забележан значаен напредок, и дека тој треба да биде мотив за понатамошни чекори.

-Некои работи се променија на подобро, откако првпат дојдов во Северна Македонија пред една декада, оваа парламентарна група не постоеше, немаше соодветен Закон за заштита од дискриминација, но сите вие направивте чекори и денеска може да прославиме. Треба да сте горди за тоа што го постигнавте препознавајќи го фактот дека мора да одиме напред. Општетсвото се цени според тоа како ги третира најранливите групи и ова е вистинската политичка средина за повеќе законски измени за заштита на овие заедници. Не треба да притискаме премногу таквиот ладен прагматизам не функционира во секојдневниот живот кога вие, вашето семејство, пријателите се соочувате со физичко насилство и олајн закани и суровост во вашата заедница, рече амбасадорката.

Посочи дека кога станува збор за еднаквост, правната заштита не смее да чека.

И евроамбасадорот Гир се согласи дека има напредок посочувајќи неколку примери од пракса во кои правдата била на страната на ЛГБТ заедницата.

-Минатата година имаше и позитивни настани, така на приемр во Струмица беше осудено едно лице на шест месеци затвор поради наслиство врз ЛГБТ лице, ова исто така спраќа силна порака дека законот е тука за сите, појасни Гир.

Оцени дека во иднина е потребен разој на политиките, нациоалните стратегии и акциските планови, како и подобрување на обраозвниот систем кој ќе ја препознава еднаквоста, достоинството и почитувањето.

-Европската унија ќе продолжи да ги засилува овие гласови и да ги промовира човековите права покажувајќи солидарност и негувајќи средина во која сите аспирации на универзаланата декларација за слобода, еднаквост, достоинство и права ќе бидат почитувани, изјави Гир.

Лила Милиќ  од Граѓанска иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“, ги доближи проблемите со кои се соочуваат овие во пракса.

– Многу пати досега сум поденесувала кривична пријава и сум побарала заштита, но обвинителството и полицијата ништо не презеле. Особено на светско ниво трансродовите жени се изложени на убиства од омраза, од Извештајот од 2008 година евидентирни се 4 039 убиства, оваа бројка е само видливиот врв, бидејќи податоците се добиваат само до земји каде има поставено мрежи на транс организации кои ги мониторираат овие случаи, додека многу случаи остануваат непријавени и непрепознаени, посочи Милиќ.

Оцени дека Законот за матична евиденција служи само како алатка за политички поени.

-Веќе со години Законот за матична евидениција со која се регулира правното признавање на родот влегува и излегува од собраниска процедура поради различни политички калкулации за додворување на електоратот со што не се испорачуваат сопствените заложби, нивните заложби се дека секој граѓанин треба да ги ужива своите човекови права, а трансродовата заедница и во 2023 година не може да оствари правото на идентитет, правото да се идентификува онака како што се чувтствува. Она што дава надеж во моментот е најава на Законот за матина евиденција да влезе во собраниска процедура и се надеваме дека пратениците овојпат ќе го изгласаат и покрај големото задоцнување, истакна Милиќ.

Од Комисија за заштита од дискириминација информираа дека минатата година од вкупно 70 случаи на утврдена дискриминација, скоро половина е дискриминација кон оваа заедницата 

-Оваа дискириминација најчесто доаѓа во облик на вознемирувачки говор кој најчесто е застапен на социјалните мрежи кога станува збор за социјалите мрежи има големи потешкотии во однос на иднтификување кој стои позади тастатурите. Најчесто се случува од лажни профили и веб страници специјално креирани за ваквии говори и ние имаме потешкотии како Комисија да ги процесираме овие случаи кои за жал ги има премногу, рече Исмаил Камбери, претседател на Комисијата. свс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан