• среда, 27 ноември 2024

Интензивно се подотвува просторот за поставување на монтажна ковид болница во Куманово

Интензивно се подотвува просторот за поставување на монтажна ковид болница во Куманово
Куманово, 3 декември 2020 (МИА) - Привршуваат подготовките за поставување на монтажната ковид болница во Куманово, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. Дотраениот објект на одделот за физикална терапија кој повеќе години не се користеше е урнат. Локацијата каде што ќе се гради монтажната ковид болница непосредно е сместена до инфективното одделение каде има и најголем број на ковид пациенти. - Искрено, се надевам дека до крајот на месецот ќе биде поставена монтажната ковид болница затоа што подготовката на теренот е при крај, уште некои мали инфраструктурни работи да се довршат и инвеститорот го очекуваме од понеделник да дојде и да отпочне со работа, финално она што е подготовка на терен за да може да биде поставена болницата. Постојано сме во контакт со проектна единица од Министерството за здравство кои постојано ја надгледуваат работата и околу подготовката на теренот и потоа кога ќе почне да се врши поставувањето на овие контејнери, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева. Во трите ковид центри во Куманово, инфективното, поранешно невролошко или Ковид 2 и Ковид 3 или одделение за уво, грло и нос сместени се 110 пациенти според податоците на Министерството за здравство. Од болницата велат дека засега нема потреба од отворање нов ковид центар. - Во секој ковид центар мора да имате зелена, жолта и црвена зона, црвена зона е таа каде што се пациентите, каде се работи со нив, во зелената зона е персоналот којшто подготвува терапија, води администрација и слично. Имаме околу петнаесетина слободни легла, засега нема потреба од отворање на нов капацитет. Ако се укаже потреба секако дека ќе направиме преадаптација на друг простор и нема да ги оставиме пациентите како што и досега не беа оставени. Денешниот биланс покажува таа е бројката, единствено има благо намалување на број на приеми, зголемување на број на оздравени, јас искрено се надевам дека ќе продолжи овој тренд затоа што навистина обемот на работа е голем, персоналот постојано работи со максимални напори, ќе кажам дека се екипирани и работата се одвива непречено- вели Захариева. Во кумановската болница не се пријавиле матични лекари или приватни интернисти за поддршка на колегите. -Со наши сили и персонал работиме и сега засега немаме пријавено никој, знам дека и министерот за здравство рече дека можат да се пријават и приватните интернисти, знам дека во други општини имаше пријавено доброволци, меѓутоа такво нешто кај нас, нема, вели Захариева. Припадниците на Армијата и на МВР се на места каде има најголема концентрација на пациенти, пред инфективно и пред рентген каде пациентите чекаат за снимки. - Немало засега проблеми, меѓутоа е добро кога имаме присуство на униформирани лица, засега беспрекорно се одвива целата работа- вели Захариева. ам/аа/

Остани поврзан