Интензивирање на соработката меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Советот на странски инвеститори
- Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески денеска се сретна со претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер, со потпретседателот н
Скопје, 28 јуни 2021 (МИА) - Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески денеска се сретна со претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер, со потпретседателот на Стопанската комора Јелисавета Георгиева – Јовевска и експерт и ISO координатор во комората Емилија Тодоровска.
На средбата, како што соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, беа разгледани трендовите во економијата, согледувањата на странските инвеститори за условите за водење на бизнис и улогата и значењето на Агенцијата во помагање на постојните и привлекување на нови инвеститори.
-Заеднички беше констатирано дека е од особена важност да се продлабочи соработката со локалните добавувачи, со универзитетите, поттикнувањето на активностите за истражување и развој, како и континуирано подобрување на услугите кон инвеститорите во постинвестицискиот период, се наведува во соопштението.
Советот за странски инвеститори при Стопанската комората е претставен од 130 компании кои имаат 50.000 вработени во различни дејности на целата територија на нашата држава со вкупен обрт од 5 милијарди евра. Договорено е, како што се наведува, интензивирање на меѓусебната соработка преку поставување на заеднички цели, приоритети и активности.мд/са/