• петок, 19 јули 2024

Инзаги ќе добива 6,5 милиони евра по сезона во Интер

Инзаги ќе добива 6,5 милиони евра по сезона во Интер

Милано, 9 јули 2024 (МИА) - Симоне Инзаги ќе добива 6,5 милиони евра нето по сезона според неговиот нов договор како тренер на Интер, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Се очекува 48-годишниот стручњак да го потпише новиот договор со шампионот на Италија до крајот на сезоната 2025-2026.

Доколку Инзаги повторно ги одведе „нероазурите“ до титулата во Серија „А“, за него е предвиден специјален бонус од два милиони евра.

Актуелниот договор на Инзаги со Интер истекува во јуни 2025 година. Тој е на чело на италијанскиот клуб од сезоната 2021-2022.

Инзаги моментално потпишува едногодишно продолжување на договорот на крајот од секоја сезона во Серија „А“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан