• сабота, 23 ноември 2024

Индискиот суд му го продолжи притворот на лидерот на опозицијата пред изборите

Индискиот суд му го продолжи притворот на лидерот на опозицијата пред изборите

Њу Делхи, 15 април 2024 (МИА) -  Судот во Њу Делхи денеска му го продолжи притворот на опозицискиот лидер Арвинд Кеџивал до 23 април, што е удар за опозицијата, на која и е потребно тој да ја води кампањата пред општите избори што почнуваат в петок.

На 21 март, индиската Агенција за борба против финансиски криминал го уапси Кеџивал, началник на регионот на Њу Делхи и лидер на Партијата на обичниот човек, член на опозициската коалиција „Индија“, која е главен ривал на владејачката партија Баратија Џаната (БЈП) на премиерот Нарендра Моди. под обвинение дека неговата партија речиси две години примила милијарда рупии (11 милиони евра) од добавувачи на алкохол.

Кеџивал негира се и тврди дека неговото апсење е незаконско и дека целиот случај е „политичка местенка“. Неговата партија, исто така, жестоко ги отфрли сите наводи и рече дека Кеџивал ќе остане началник додека судот не донесе одлука. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан