• петок, 08 ноември 2024

Илир Мета: Посилен сум од кога било

Илир Мета: Посилен сум од кога било

Тирана, 22 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, во првата реакција по апсењето, од затворски притвор, порача дека е" посилен од кога и да било".

„Најискрено им благодарам на сите членови на Партијата на слободата за извонредната поддршка што ми ја дадоа досега. Исто така, од денес нашата борба започнува нова страница во соочувањето со брутално инсталираната нарко-држава без никаков компромис“, напиша на социјалните мрежи.

Убеден сум додаде тој, во победата на нашите национални и демократски каузи! На
непријателите на нашата нација и демократијата ќе им замрзне насмевката на усните.

„Моето денешно киднапирање на најнасилнички начин ја покажува паниката на диктаторскиот режим од соочување со вистините. Ве уверувам дека откако дознав за одлуката за моето апсење, се чувствувам посилно од било кога и уште повеќе  верувам во мојата целосна невиност. Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци и оние кои говорат албански само поради мојот патриотизам и заштита на националните интереси“, напиша Мета.

Медиумите пренесоа дека во затворот во Тирана Мета го посетил неговиот син Бесар Мета и адвокатот Генц Ѓокутај, кој е адвокат и на Сали Бериша. вт/сд/

 

Остани поврзан