• сабота, 23 ноември 2024

Илиевски најави гасификација на болницата и уредени површини во Куманово

Илиевски најави гасификација на болницата и уредени површини во Куманово
Куманово, 29 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски на денешната прес-конференција најави гасификација на болницата и нови уредени површини. Во програмата „Најдоброто за Куманово“, еден од клучните проекти е гасификација на целиот град. Илиевски најави дека општата болница, која опслужува 200.000 пациенти од регионот, веднаш по 31 октомври ќе биде гасифицирана. - Општата болница се грее на мазут и фосилни горива и еден од најголемите загадувачи на Куманово. Во 2017-та година, менаџментот на болницата подготви проект за гасификација и го достави до Министерството за здравство. Проектите за изградба на гасна котлара и надворешен приклучок се комплетно изработени во октомври 2017-та. Изведбата на приклучок за болницата беше преземена обврска од страна на ЈП „Куманово-Гас“, односно општина Куманово. Ние како СДСМ се обврзуваме ова итно да го спроведеме, да не се чека четири години да добиеме еколошки алтернативи за греење и помали трошоци на институциите, рече Илиевски. Тој најави дека со алтерантивни извори на финансирање планираат да го гасифицираат градот. Потсети и за проектот за целосна гасификација на домаќинствата во Куманово и индустриските зони, со што смета дека ќе се обезбеди поевтин енергент, порентабилни институции, претпријатија и правни субјекти и ќе се намали загадувањето. Илиевски кажа дека со овој проект ќе се заштеди енергија и средства кои ќе се пренасочат за младински политики и на овој начин ќе се придонесе младите да останат во градот. - Време е урбанизацијата во Куманово да добие нова димензија, со воспоставени еколошки стандарди, рече Илиевски. Тој најави и планско просторно уредување на јавните површини на општинските и државните институции во Куманово.ам/бт/

Остани поврзан