• среда, 25 декември 2024

Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

Вашингтон, 25 декември 2024 (МИА) – Идентификуван мажот кој на 22 декември во метрото на Њујорк запали жена, која почина. Напаѓачот е 33-годишниот Себастијан Сапета, илегален имигрант од Гватемала.

Тој во полиција изјавил дека не знае што се случило во метрото.

Починатата жена, која најверојатно спиела за време на нападот, сè уште не е идентификувана.

Сапета на 27 декември ќе се појави пред суд и може да биде осуден на доживотен затвор без право на помилување.

Федералната имиграциска служба на соопшти дека Сапета бил депортиран од САД во 2018 година, но тој повторно илегално влегол во земјата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан