Изречени 110 санкции за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес
- Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес при што санкционира 110 возачи кои се движеле со
![Изречени 110 санкции за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес](https://mia.mk/index.php/images/20221113175231_big_730x400_98.webp )
Скопје, 10 јули 2022 (МИА) - Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес при што санкционира 110 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од санкционираните, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР. мч/мд/