• петок, 04 октомври 2024

Израел тврди дека погодил штаб на разузнавањето на Хезболах во Бејрут

Израел тврди дека погодил штаб на разузнавањето на Хезболах во Бејрут

Бејрут, 3 октомври 2024 (МИА)- Израелската војска соопшти дека денеска го погодила штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут во серија напади насочени кон позициите на групата во либанскиот главен град.

Израелските борбени авиони „погодија цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и терористички оперативци кои припаѓаат на единицата, средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителна терористичка инфраструктура“, се вели во соопштението на војската.

Израелската армија ја нападна и медиумската канцеларија на либанската милиција Хезболах јужно од Бејрут, соопшти милицијата поддржана од Иран.

Видеа што кружат на социјалните мрежи ја прикажуваат зградата набргу по нападот. Канцеларијата е одговорна за одржување контакт со локални и странски новинари.

Хезболах, исто така, објавува пропагандни видеа и води своја телевизија, наречена Ал-Манар. зш/јт/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан