• среда, 20 ноември 2024

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Тел Авив, 10 мај 2024 (МИА) - Израел планира да започне неколку мали воени операции во градот Рафа во јужниот дел на Газа, изјави неименуван египетски воен функционер за либанскиот весник Ал Акбар.

Тој рече дека Израел планира да го избегне незадоволството на Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница кога станува збор за инвазијата на Рафа, пренесува Тајмс оф Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела предупреди дека ќе престане да го снабдува Израел со оружје доколку израелската армија изврши голема инвазија на Рафа.

Како одговор на американското предупредување, Нетанјаху вчера рече дека Израел „ќе стои сам ако треба“, а денеска изјави дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“.

Израел оваа недела започна операција во источните делови на Рафа, а Тел Авив соопшти дека станува збор за „ограничена операција“.

Повеќе од еден милион Палестинци најдоа засолниште во Рафа од конфликтот во другите делови на Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан