• понеделник, 23 декември 2024

Израел/Ковид-19: Обврзно носење заштитни маски на јавен простор

Израел/Ковид-19: Обврзно носење заштитни маски на јавен простор
Ерусалим, 1 април 2020 (МИА) - Сите израелски граѓани мора да носат заштитни маски кога се на јавен простор, како задолжителна мерка за заштита од новиот коронавирус, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетенијаху. Нетенијау ги повика Израелците да ги поминат претстојните верски празници, вклучувајќи го и еврејскиот празник Пасха, со семејството. Во Израел, според Министерството за здравство, потврдени се повеќе од 6.000 случаи на заразени од Ковид-19 и 25 смртни случаи од инфекцијата. зш/

Остани поврзан