• понеделник, 23 декември 2024

Израел го повика на консулатции својот амбасадор во Шпанија 

Израел го повика на консулатции својот амбасадор во Шпанија 

Мадрид/Тел Авив, 30 ноември 2023 (МИА) - Израел го повика својот амбасадор во Мадрид назад во Ерусалим на консултации откако шпанскиот премиер Педро Санчез денеска повотрно излезе со отворена критика на воената акција на Израел во Појасот Газа, јави ДПА.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху му наложи на министерот за надворешни работи Ели Коен веднаш да го повика шпанскиот амбасадор во Израел во Министерството за надворешни работи за да му врати протест за „срамните“ изјави на Санчез, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Повикувањето амбасадор во МНР на домицилната земја во дипломатијата се смета за умерено сериозен протест, пренесе ДПА. 

Во интервју за државниот ТВ канал RTVE, Санчез денеска уште еднаш го повика Израел да дејствува во согласност со меѓународното хуманитарно право во борбата против палестинската исламистичка група Хамас.

„Со оглед на сликите што ги гледаме и зголемениот број луѓе, особено деца, кои умираат, имам сериозни сомневања дека тие се усогласени со меѓународното хуманитарно право“, рече шефот на шпанската Влада во четвртата по големина економија во ЕУ.

Коен ги опиша коментарите на Санчез како „безобразени“ и инсистираше на тоа дека Израел навистина се придржува кон меѓународното право.

Санчез, исто така, повика уште еднаш европските земји да ја признаат палестинската држава.

„Видовме како Израел систематски ја окупира палестинската територија на Западниот Брег. А сега гледаме што се случува во Газа“, рече тој. Дипломатско решение на конфликтот не е само морален императив, туку и во интерес на Европа. Европа не може да си дозволи да има два отворени воени фронта, еден во Украина и друг на Блискиот Исток, рече тој.

Односите меѓу Израел и Шпанија се затегнати подолго време. сд/

Остани поврзан