• петок, 22 ноември 2024

Израел во текот на ноќта изврши најмалку десет напади врз Бејрут

Израел во текот на ноќта изврши најмалку десет напади врз Бејрут

Бејрут, 1 ноември 2024 (МИА) - Израелски воени авиони извршија најмалку десет напади врз Бејрут во текот на изминатата ноќ, соопшти утринава либанската национална новинска агенција (ННА).

Израелската армија во раните утрински часови издаде наредба за евакуација, јави Ал Џезира, додавајќи дека повеќето од 700.000 луѓе кои некогаш живееле во населбите си заминале.

Израелските напади ги погодија областите Гобеири, Ал Кафат, автопатот Сајед Хади, како и комплексот Ал Муџтаба и патот кон стариот аеродром.

Според извештаите на локалните медиуми, во нападите биле урнати многу згради, а на некои места избувнале и пожари. Во јужните предградија се уште има многу луѓе бидејќи прифатилиштата се полни и немаат каде да заминат. сд/
 фото:МИА архива

Остани поврзан