Израелска армија: Во изминатиот ден беа погодени околу 230 цели во Газа и Либан
Тел Авив, 15 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) објави дека во изминатите 24 часа погодила „околу 230 терористички цели во Газа и Либан“.
Во соопштението се наведува дека повеќе од 200 цели на Хезболах, вклучително и ракетни фрлачи и противтенковски позиции, биле нападнати во Либан.
Десетици припадници на Хезболах се убиени во судири со израелските војници, тврди израелската армија. зш/