• четврток, 26 декември 2024

Израелската армија ги гаѓаше рутите што ги користи Хезболах за шверц на оружје

Израелската армија ги гаѓаше рутите што ги користи Хезболах за шверц на оружје

Ерусалим, 6 декември 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека цели на патиштата на сириско-либанската граница што ги користи проиранското движење Хезболах за шверц на оружје.

Во текот на ноќта, Военото воздухопловство изврши напади врз патишта за шверц на оружје и локации на инфраструктура на терористи, се вели во соопштението на армијата.

Војската ги изведе нападите една недела по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан