• вторник, 24 декември 2024

Изминатата седмица санкционирани 94 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Изминатата седмица санкционирани 94 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 9-ти до 15 септември со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. сст/нд/

фото Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан