Изложба „Црниот лебед симбол на величественост“ на Енеса Мемети
- Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“.

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“.
Енеса Мемети дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, под менторство на проф. Илиријан Бекири. Завршила постдипломски студии на ФЛУ – Скопје под менторство на проф. Јован Шумковски.
Таа има учествувано на 30 групни изложби во земјава, а ова е нејзина втора самостојна изложба.
Изложбата ќе биде отворена до 7 мај 2025 година.бт/лв/
Фото: плакат