• четврток, 26 декември 2024

Изложба со дела на Владимир Георгиевски во Куќата на Робевци во Охрид

Изложба со дела на Владимир Георгиевски во Куќата на Робевци во Охрид

Скопје, 15 јули 2023 (МИА) - Во Куќата на Робевци вечер ќе биде отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски современи ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017).

Владимир Георгиевски е роден во Скопје, на 1 јуни 1942. Во 1963 матурирал во Училиштето за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968-та. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972 година, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади ’25 мај’).

Меѓу 1980 и 2012 година беше професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектура во Скопје. Една деценија во 1990-тите, предаваше и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Беше професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.

Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројни театарски претстави и неколку домашни играни филмови.

Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколку пати е наградуван и за неговата работа во театарот.

Неговото дело, портрет на Ф.М. Достоевски, рељеф, е поставено во Музејот на Ф.М. Достоевски во Санкт-Петерзбург во ноември 2012 година.

Почина во родното Скопје, на 25 мај 2017 година.

Дела на Георгиевски се наоѓаат во приватни збирки во земјава и надвор од неа. вг/лв/

Остани поврзан