Изложба „(Ре)откружено" во Музејот на Крива Паланка
- Во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка е отворена изложбата „(Ре)откружено" на која се претставени дела на уметниците: Марина Цветановска Мартиновска, Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ и Марија Мицова Гацова.
Крива Паланка, 7 декември 2024 (МИА) - Во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка е отворена изложбата „(Ре)откружено" на која се претставени дела на уметниците: Марина Цветановска Мартиновска, Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ и Марија Мицова Гацова.
Драгана Спасковска, историчарка на уметност од НУ Музеј Куманово, вели дека „(Ре)откружено“ е третиот заеднички ликовен циклус на овие визуелни уметници, кои со своите размисли и идеи за поимот на „откруженото“ и „реоткруженото“, ги транспонираат во самостојни и групни ликовни композиции.
-Притоа, кругот е доминантната, носечка и едниствена изразна форма. Главниот концепт на овој проект е обединувањето, „вкружувањето“, можноста за вмрежување на нови автори со иста или слична фреквенција, како еден вид метафора која говори за „продолжување на низата“, непрекинливоста, бесконечноста. Овие поими се инкорпорирани во симболиката на кругот, бидејќи како што вечноста нема почеток и крај, така нема ни кругот, додава Спасковска.
Проектот е отпочнат во 2022 година со изложбата „О(т)кружено“, што понатаму се развива во изложбата „Ре(откружено)“ , а во најновата, збогатен е со нови ликовни решенија.
Организатор на изложбата е ЛУ Градски музеј Крива Паланка, а се реализира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културара 2024“. ид/хс/
Фото: ЛУ Градски музеј Крива Паланка