• среда, 27 ноември 2024

Изложба „Неправилен ритам“ на Билјана Билбилоска во Белград

Изложба „Неправилен ритам“ на Билјана Билбилоска во Белград
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - Самостојната изложба на слики од македонскиот уметник Билјана Билбилоска е отворена во куќата на поетот Ѓура Јакшиќ во Белград. На изложбата се претставени слики изработени во последните три години, во техника масло и акрил на платно и на картон. За оваа изложба, д-р Александар-Андрија Пејовиќ вели дека моќта на бојата и силата на колоритот најмногу доаѓа до израз во рамки на ноктуралниот аспект на творештвото на Билбилоска. -Уметницата ноќта ја гледа низ распрснување на црвен превез врз сината боја на ноќта, а ехото просто ја задушува темнината и мракот со својата мултидимензионална јаркост на боите, кои се слушаат посилно и попродорно и од звукот. Всушност, способноста звукот да се прикаже во вид на боја, цртеж кој има должина, ширина, висина, длабочина, но и правец, оставаат најголем впечаток кај посматрачот на оваа уметничка порака. Ова станува ракопис на Билбилоска, кој е присутен низ сите нејзини дела, па макар и биле декомпонирани или фрактални – вртлогот на моќта и силата која е во константен труд да излезе од рамките на сликата стануваат фабула на насликаното во сублимација на звукот, боите и движењето, смета Александар-Андрија Пејовиќ. Изложбата ќе биде отворена до 31 јули. мд/

Остани поврзан